Skip to main content
Македонија

Филков:Владеењето на правото не смее да биде само декларативна заложба, туку реалност во секоја судница и институција

31/03/2025  10:14

По повод 31 Март-Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка  во која  вели дека судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем кој ќе обезбеди правда за секого.

  ,,Независноста на судскиот систем е темел на правната држава и гаранција за владеење на правото. Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува. Судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем кој ќе обезбеди правда за секого. Само со независно и непристрасно судење можеме да градиме општество во кое законите важат подеднакво за сите. Правда и одговорност мора да има!

 Интегритетот и стручноста на судиите, јавните обвинители, правобранителите, вршителите на јавни овластувања, адвокатите, медијаторите, нотарите, извршителите, судските службеници и судските советници, судската полиција и сите вработени во судовите се клучни за брза, ефикасна и правична правда. Владеењето на правото не смее да биде само декларативна заложба, туку реалност во секоја судница и институција.