Skip to main content
Македонија

Филипче: ЗНАМ ве изневери вас, време е да се вратите дома

28/09/2025  20:10

„Некои наши сопартијци на минатите избори поверуваа дека ЗНАМ ќе биде глас на луѓето кои не се слушнати и вистински коректор на власта. Но, наместо отпор, тие станаа декор во Владата за лични интереси и покажаа целосна сервилност кон ВМРО-ДПМНЕ,“ порача денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на конвенцијата во хотел „Александар Палас“.

Тој истакна дека Максим Димитриевски и неговите соработници го искористиле протестниот глас на граѓаните за да се сместат удобно во власта и да молчат пред неправдите и погубните десничарски политики.

„Сакам јасно да ви порачам – вие не сте го изневериле СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас. Вашиот протестен глас го разбирам, но ве повикувам да се вратите дома. Денес гледаме дека нема трети патишта. Или ќе има силна опозиција, или ВМРО-ДПМНЕ ќе владее без контрола,“ нагласи Филипче.