Skip to main content
Македонија

Филипче за протестот на ДУИ: Кога сакаме да гледаме претстава, одиме во театар!

13/12/2025  18:23

За претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денешниот протест за поддршка на лидерите на УЧК, е уште една од серијата смислени и изрежирани работи кои служат за дефокус од главниот проблем, а тоа се мигранти за пари.

– Не знам дали следевте и забележавте дека нас нѐ интересира само едно: што ќе правиме со мигрантите? Кога сакаме да гледаме претстава, одиме во театар! Имаме мигранти на вратите на државата, а јас да зборувам за работи од минатото, за војна? Мене ме интересира иднината на Македонија, но не било каква, туку европска. Како да одиме таму ако прифатиме мигранти? Засекогаш ги затвораме вратите на Македонија. Засекогаш! На кого уште не му е јасно? Сè со цел да ни го одвлечат вниманието од мигрантите. Се занимаваат со политички прогон, кривични пријави, тужби и глупости од 2018 година, сега и протести. Само уште циркус и слонови на улица не извадија. Не сакам да се занимавам со смислени и изрежирани работи кои служат за дефокус од главниот проблем, а тоа се мигранти за пари – изјави Филипче за Либертас како коментар на денешниот протест.