Skip to main content
Македонија

Филипче за фотографиите на Црвенковски: Или си СДСМ – или не си!

15/10/2025  13:42

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање кратко ги коментираше фотографиите кои вчера се појави на социјалните мрежи на поранешниот претседател и премиер, Бранко Црвенковски со градоначалникот на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и со претставници на ЗНАМ.

„Во однос на сликата што излезе вчера, можам само да го цитирам поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски ‘Или си СДСМ, или не си.’“ рече Филипче.