Skip to main content
Македонија

Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

07/01/2026  11:52

Претседателот на СДСМ, Филипче, упати празнична порака до граѓаните, посакувајќи им мир и радост за денешниот празник.

„Посакувам мирни празници, посакувам весели празници на сите верници кои денес овој празник го празнуваат. Ова е традиционален повод да се собере семејството, да се соберат најблиските, да се покаже почит, да се покаже грижа. Посакувам денот да помине мирно, а во мирот во овие турбулентни времиња ни е и тоа како потребен за да можеме да продолжиме општеството да го градиме, да биде праведно, да биде толерантно, да биде слободно.“, рече Филипче.

Тој додаде дека во минатото се спроведоа политики кои граѓаните ги почувствуваа во својот секојдневен живот, овозможувајќи им подобар, побезбеден и побогат живот, како и можност младите да ја гледаат својата иднина тука.

„Ние во минатото имплементиравме политики коишто граѓаните вистински можеа да ги осетат да живеат подобро, побезбедно, побогато. Младите тука да ја гледаат иднината. Имплементиравме политики коишто доликуваа на развиени општества, општество во кој никој нема да се чувствува помалку вреден, без разлика дали станува збор за етничка, дали станува збор за национална, верска, некаква културна, родова, полова или сексуална ориентација. Посакувам да сите заедно градиме општество во коешто никој нема да биде дискриминиран.“, додаде Филипче.