
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска 7.4.2025 година (понеделник) во Брисел, ќе учествува на конференција на Социјалистите и Демократите на тема „Започнување на Програмата на С&Д ,,Вили Брант” за проширување на ЕУ”.
Во рамки на конференцијата, претседателот Филипче денеска во 17:15 часот, ќе има свое обраќање на панел дискусијата насловена „Прогресивна агенда за проширување на ЕУ”, која што ќе ја води европратеникот и известувач на ЕП за Србија, Тонино Пицула.
На конференцијата ќе учествуваат вицепремиери и министри за ЕУ интеграции од Украина, Молдавија, Албанија, пратеници, како и претседатели на социјалдемократските партии од Србија и Црна Гора.