Skip to main content
Македонија

Филипче: Високите сметки за струја – резултат на криминално менаџирање, а не на грешно читање!

06/03/2025  20:41


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека високите сметки за струја не се последица на лошо читање на мерните уреди, туку на лошо менаџирање на енергетскиот сектор. Во вечерашното гостување на Канал 5, Филипче истакна дека во време на светска енергетска криза, кога цената на мегават час изнесувала 550 евра, граѓаните плаќале поевтина струја од денеска кога цената е 120 евра.

„Наводно било читањето на сметките, но во управниот одбор на ЕВН е член на ВМРО-ДПМНЕ, а во ЕВН ХОМЕ го пресметува син на поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Додека странски компании купуваат струја по повисока цена, граѓаните плаќаат 30% повисоки сметки за струја,“ нагласи Филипче.

Тој додаде дека во 2024 година, поради неработењето на хидроелектраната Глобочица, државата изгубила милионски суми и истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ треба отворено да ги објасни причините за зголемените сметки, наместо да обвинува.

„Не може да се зборува за криминал кога јавноста не знае за реалните причини, како што е увозот на струја по 36 милиони евра во 2024 година заради недостиг на производство,“ порача Филипче.