Skip to main content
Економија

Филипче: СДСМ повторно го поднесува законот, 600 евра минимална плата сега

10/02/2026  13:49

Прес коференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за минимална плата, откако минатата недела беше вратен од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за некои технички недостатоци наводно. Меѓутоа нема да навлезам во причините за враќањето и насоките за тоа како треба да се средат некои работи, повторно ќе кажам од технички аспект во законот.

Целта на нашето поднесување во тој временски период беше да се поднесе законот до 5-ти во месецот, а со тоа практично има обврска претседателот на Собрание да го стави на седница во тековниот месец. Дали ова одложување, враќање на закон направено, да законот не се стави на дискусија на седница овој месец, еве ќе видиме во следниот период.

Имено, даваме максимална поддршка на барањата на претставниците на Сојузот на синдикати. Сметаме дека минимална плата од 600 евра е нешто што работниците заслужуваат и им е неопходно потребно за достоинствен живот,во временски период кога синдикалната кошничка надминува 65/66.000 денари, кога една третина од трошоците одат за храна и пијалоци, дополнително тука се други трошоци и школски прибор за децата и така натаму, работниците заслужуваат да имаат достоинствен живот.

Ги наведовме ставките коишто сметаме дека власта може да скрати пари. Тоа се категориите 42 и 46 од Буџетот, во којшто има делови за патни трошоци, за репрезентативен материјал, за патување и сметам дека власта може да покаже ширина, доблест, да покаже грижа за работниците, да скрати од овие пари и да се стигне до сумата од 7,5 милијарди денари во текот на оваа година, близу 120 милиони евра за да платата на работниците стигне 600 евра.

Дополнително укажавме на минатата прес-конференција дека во овие делови на Буџетот може да се одделат и дополнителни средства со коишто ќе се субвенционираат придонесите кон платите коишто би се зголемиле и во приватниот сектор. Значи да не биде тоа на терет на приватниците, работодавачите, приватните фирми, да не се соочат со проблеми во ликвидноста, да државата ги субвенционира тие придонеси, а и тие работници коишто работат во приватниот сектор да добијат зголемување на платите.

Ако се сака, ова може да се направи. Нашата влада во првите две години од мандатот, тоа беше практично периодот до 2019 година во ковид кризата вистински инвестираше во сумите на пари од Буџетот во којшто требаше значи зголемување на плати на социјална помош.

Ако само во првите две години од нашиот мандат можеше социјалната помош да се зголеми за 300% и да стане социјалната помош од 3.000 на 11.700 денари, ако минималната плата тогаш можеше да се зголеми во тој само период пред да продолжи и после ковид кризата да стигне повеќе од дупло, да се зголеми од 8.000 на 14.500 денари, тоа е зголемување за 60-70%, ако можеа платите на здравствените работници да се практично и повеќе од дуплираат со зголемување на парите за дежурства, со зголемување на основната плата за 40%, во првите години од мандатот не може оваа влада да каже дека нема пари.

И срамно е оваа влада на којашто секој ден и вадиме коруптивни скандал, оваа влада којашто ја тера државата во изолација, вчера да најавува купување на нов владин авион. Тоа е расипништво од невиден степен, исмевање во лице на овие луѓе што протестираат денес пред Собранието, коишто имаат вистинска мака и не може да врзат крај со крај.

Искрено се надевам дека овој закон ќе го поддржат сите пратеници и од власта и другите опозициски партии од другите блокови, поради тоа што ова е за доброто на работниците на нивните семејства, за благосостојбата, за едноставно зголемување на квалитетот на нивниот живот.

Дополнително освен овој закон ќе поднесеме Закон за измена на Законот за административни службеници, кој што власта го смени пред некое време и со која што измена вработените во собраниските служби ги стави на ниво на сите административни службеници, со што платата им се намалува за 30%. Сметаме дека на тој начин сериозно се компромитира независноста на ова тело, на Собранието. Ние во нашиот мандат прво обезбедивме независно буџетирање.

Буџетирање не да зависи од Министерството за финансии, туку тука буџетски совет на Собранието којшто одредува колкав треба да биде буџетот и соодветно поголеми од целата друга администрација плати за 30%, поради тоа што овие вработени во Собранието мора да работат со дигнитет, мора да имаат чувство дека работат во посебна независна власт, поради тоа што сите политики се креираат во овој законодавен дом.

Сметам дека не е коректно да им се одзема тоа што им е дадено на луѓето, посебно што тие луѓе со својата работа тоа го заслужуваат. Исто така, очекувам од сите пратеници да поддржат и оваа измена на Законот за административни службеници, со што повторно вработените во Собрание ќе ги добијат зголемените плати, како што тоа беше до измената којашто оваа власт ја направи пред некое време.