
Соопштение за јавност на СДСМ:
Дозволете да ги известам граѓаните и јавноста, дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го откажува традиционалниот марш за 8 Март, кој што требаше утре да се одржи во Богданци и се приклучуваме на протестот „Нема да не снема” – СДСМ ќе биде со граѓаните.
И оваа година како и секоја од изминатите требаше да го одбележиме 8 Март со традиционалниот марш, да славиме за достигнувањата на жените, но и гласно да бараме подобрување на нивната положба во општеството. Но трагичниот настан којшто се случи во Скопје, смртта на мајката и детето не остави длабоко потресени.
И ова не е само индивидуална трагедија ова е уште еден трагичен доказ за системскиот проблем со насилство врз жените, за неадекватната заштита, за неадекватната реакција на институциите, едноставно неуспехот на институциите да се справат со овој проблем. И оттука е нашата одлука, традиционалниот марш ко јшто требаше да се одржи утре во Богданци се откажува и наместо тоа утре ќе бидеме присутни на протестниот марш кој што го организираат граѓанските организации, поединци активисти, иницијативи и платформи за родова еднаквост и тука ќе бидеме присутни како граѓани.
Ќе бидеме заедно со граѓаните за да кажеме дека е доста од мртви жени и деца поради не реагирање на институциите, дека институциите мора итно да реагираат на секоја пријава, дека мора да постои вистинска заштита, брзи мерки и казнување на насилниците.
Сакам да потенцирам, дека не сме дел од организаторите на утрешниот протестен марш, тоа е автентична организација на еден дел од граѓанските организации, ние членовите и симпатизерите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се приклучуваме како граѓани.

