Skip to main content
Македонија

Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај

29/09/2025  21:30

„Сите гледаме, после една и пол година централна власт и повеќе од 4 години централна власт ВМРО-ДПМНЕ и повеќе од четири години нивна локална власт, дека се неспособни да донесат промени и да работат за и во интерес на граѓаните. Се грижат само за себе, за својата удобност и исклучиво за своите членови. Дали ова е гордата Македонија што ни ја ветија? Македонија со понижени земјоделци, со млади кои заминуваат, со семејства што едвај врзуваат крај со крај? Не, ова не е горда Македонија“ истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина во Демир Хисар заедно со коалицијата ја започнаа кампањата за локалните избори.

Филипче оттаму исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ, ветија правда, а за граѓаните донесоа неправди притоа потсетувајќи на нефункционалноста на институциите, ниските плати, растот на цените и целосниот застој во економијата и правосудните реформи.

„Ветија реформи, а не започнаа ниту една. Победија со лажен патриотизам, со празни програми од кои не остана ништо. Нема реконструирани локални патишта, нема систем за отпад, депонијата во Стругово секојдневно ги труе граѓаните. Тутунарите се соочуваат со ниски откупни цени, младите ја напуштаат општината, здравството е во колапс, а културното наследство како Спомен-паркот на Даме Груев во Смилево е оставено да пропаѓа. Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Најдовски и ниту еден реализиран проект“, истакна Филипче во Демир Хисар.

СДСМ и коалицијата ја започнаа со граѓанска трибина во под слоганот „Се бориме за нашиот дом“ кој воедно е слоган за борба за поголема грижата, солидарност, правда, слободата и еднаквост и подобар живот за сите граѓани.