Skip to main content
Македонија

Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

09/12/2025  12:06

Велика Британија ќе ѝ исплаќа на Македонија по 20.000 фунти за секој депортиран мигрант, а тие тука треба да добијат трајни живеалишта и да се вклучат на пазарот на труд, обвини денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повикувајќи се на написи во британските медиуми.

Филипче на прес-конференција истакна дека е скандалозно и недозволиво македонските граѓани за вакви крупни прашања да се информираат од странски извори, додека домашната власт води, како што рече, тајни преговори.

„И од овие пишувања на британските медиуми дознаваме за разговорите кои што се воделе за мигрантите, дека треба да бидат интегрирани да бидат присутни на нашиот пазар на трудот, особено во градежништвото и тука да имаат трајни живеалишта. Дури има и детални информации дека Велика Британија ќе и исплаќа на Македонија 20.000 фунти по депортиран мигрант, согласно новиот договор за т.н. повратни центри. И сето ова замислете македонските граѓани го дознаваат од странски медиуми. Ова е апсолутно недозволиво, ова е скандал од невидени размери“, посочи претседателот на СДСМ.

Според него, власта на ВМРО-ДПМНЕ наместо да даде одговори, започнала црна кампања против опозицијата уште кога тие првпат предупредиле за овие разговори.