Skip to main content
Македонија

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците и го срози стандардот на граѓаните

17/01/2025  21:39

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Мицкоски и ДПМНЕ го понижија трудот на македонските работници и го срозија стандардот на граѓаните. Не може во новиот најголем Буџет за годинава од 6 милијради евра да нема пари за раст на платите за работниците, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче кој заедно со потретседателот на СДСМ Менде Илиевски, вечерва присуствуваа на конференцијата за избор на претседател и членови на Извршен и Надзорен одбор на Општинската организација на СДСМ во Прилеп.

Филипче во обраќањето пред присутните членови, посочи дека ДПМНЕ наместо да го  продолжи системот за континуиран раст на платите, што го воведе Владата на СДСМ, неодговорно го прекина.

-Власта комплетно го напушти системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ, а резултатот е влошување на животниот стандард на работниците. Тоа сега граѓаните јасно можат да го видат. СДСМ била и секогаш ќе остане на страна на работниците. Во изминатите седум години како Влада се соочивме со најголемите светски кризи, незапаметена здравствена пандемија и економско енергетска криза. Но, и во такви тешки кризи, Владата на СДСМ никогаш не заборави на работниците, платите и во ек на кризи се зголемуваа. Континуирано работевме на подобрување на животниот стандард на граѓаните, особено на работниците. За прв пат Владата на СДСМ ја зголеми  минималната плата во државата за 100 проценти во однос на 2016 година, односно на сегашните 22.567 денари, додека просечната месечна нето-плата од 22.460 денари, се зголеми на 42.000 денари, рече Филипче.

Срамно е да има најголем Буџет кој тежи 6 милијарди евра а да нема пари за раст на платите, додаде Филипче.  

-Упорно водат инает и не го прифаќаат предлогот на СДСМ за раст на минималната плата, која со ова темпо на раст на трошоците треба веќе да изнесува 500 евра. Уште кога беше во фаза на предлог Буџетот за 2025 година, СДСМ предупреди дека ова ќе биде најгломазниот и распинички буџет во историјата во кој ќе нема пари за работниците и поголеми плати за граѓаните, и тоа се испостави како точно. И од овие 6 милијарди евра, власта не сака да одвои пари за покачување на платите на работниците во јавниот сектор. Ова е тотално непочитување на трудот на работниците”, нагласи Филипче, додавајќи дека СДСМ нема да отстапи од борбата за правата на работниците и подобрување на нивниот животен стандард.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Прилеп порача дека теренските активности продолжуваат и во следниот период преку средби со секој член од партијата, со цел да се слушне секој предлог и заеднички да се креираат идните партиски политики за јакнење на СДСМ и за делување на политичката сцена како партија која секогаш ќе биде на страната на граѓаните.