
Соопштение за јавност на СДСМ:
Во изминатите 15 месеци, граѓаните на своја кожа ја почувствуваа неспособноста на оваа власт, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во општина Гази Баба.
„Стандардот паѓа, секојдневно се случуваат скандали, институциите не функционираат, заробени се во партизација и непотизам. А цената за тоа ја плаќаат граѓаните”, рече Филипче.
Тој додаде секој ден изминатите 15 месеци се случува некој скандал за кој директно одговорна е Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ.
„Последниот скандал со МНАВ е само уште едно камче во морето хаос и неспособност кој го гледаме. Секој ден има нов скандал, пожари, еколошки катастрофи, опасност од чад кој ги руе граѓаните. А власта молчи, не презема ништо и ги остави граѓаните без информации и без мерки, сами на себе”, изјави Филипче.
Како што кажа Филипче, граѓаните наместо реални мерки за подобар живот, наместо институции во функција на потребите на граѓаните и политики за напредок на државата, се сведоци на лажни ПР кампањи и манипулации.
„Тоа е секојдневието на македонските граѓани, институции кои не реагираат, на лаги и манипулации што се покриваат со гол ПР, додека реалните проблеми остануваат нерешени. Сите изборни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како една голема лага”, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.