
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, вечерва од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом” во општина Дојран, истакна дека актуелните градоначалници на СДСМ со дела покажауваат како домаќински и чесно може да се водат општините и порача дека континуитетот и искуството се клучни за напредокот на општина Дојран.

„Над 200 имплементирани проекти, од кои сигурно 15 до 20 капитални, и над 30 милиони евра инвестирани во Дојран за 8 години. Нема лажење – има работа. Затоа, Анго, искрени честитки за твојата посветена, искрена и чесна работа за Дојран,” изјави д-р Филипче, потенцирајќи дека неговата работа и резултатите ја докажуваат посветеноста на СДСМ кон Дојран и граѓаните.
Филипче нагласи дека СДСМ и понатаму ќе биде двигател на локалниот развој и гаранција за стабилност, чесност и конкретна работа во Дојран.
„Сега ве повикувам да го направиме истото. Да ја оставиме апатијата и разочарувањето што несомнено ја има насекаде, особено после ланските избори, и да покажеме дека веруваме во вредностите и политиките. Да покажеме дека имаме добри кандидати, дека имаме чесни луѓе кои ќе ја продолжат работата за Дојран да продолжи да се развива и да остане омилено, вистинско место во Македонија,” рече тој.
Лидерот на СДСМ кажа дека кандидатот за градоначалник Ристо Џинев и неговиот тим советници имаат капацитет и знаење да продолжат со проектите за развој на Дојран и ги повика граѓаните масовно да ја поддржат листата на советници на СДСМ и кандидатот за градоначалник, Ристо Џинев.
„Ристо имаш голем предизвик но сум сигурен дека имаш и знаење и капацитет заедно со тимот којшто ќе го предводи развојот на Дојран, да продолжи и понатаму да се надградува со нови содржини со се што сакаат да бидат жителите не само на Дојран туку и на цела држава, коишто се се почести посетители тука во овој наш туристички бисер”,нагласи д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом” во општина Дојран, која денеска се одржа во општина Дојран.