Skip to main content
Македонија

Филипче: Немам ништо заедничко со Трендафилов освен следењето од службите

12/02/2026  20:45

Трендафилов сум го сретнал пред година и пол во Собрание кога беа тие иницијативни и толку. Со човекот немам никаква комуникација ниту пак некаква координација. Единствено нешто што заедничко еве гледам сега последниве денови имаме е тоа што власта тренира злоупотреба на институциите, го сликаат, го пратат итн. Мене ме сликаат на аеродроми. Излегоа пратеникот Бране Петрушевски кажува кога сум ја напуштил земјата. Од каде знаат тие луѓе каде се движам. Каква е таа злоупотреба на безбедносните служби?, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, зборувајќи за злоупотребите коишто ги прави власта.

Претседателот Филипче додаде дека повторно се враќаме во периодот на злоупотреба на безбедносните служби во времето на Груевски. Се е исто во практицирањето на власта. Ова само уште еден показател за тоа.

Говорејќи за барањата на за зголемување на минималната плата на работниците и Синдикатите Филипче порача дека поддршката на СДСМ за зголемување на платите е принципиелна и конзистентна.

-Станува збор за една тема којашто сериозно засега илјадници семејства во државата и мислам дека оваа тема како ниту една друга на виделина ја носи конзистентноста на нашите политики, ставови и така натаму, и лицемерието на моменталната власт. Барањата се реални. Луѓето тешко врзуваат крај со крај. Во првите две години од нашата власт социјалната помош ја зголемивме за 300%, минималната плата од 8.000 на 14.000 денари. Сега, по две години од оваа власт – што зголемија? Ништо. Ние имаме конкретен предлог од каде да се обезбедат средства – кратење на непродуктивни трошоци , патувања, репрезентации, нов мебел, опрема на кабинети. Со тоа може да се обезбедат околу 200 милиони евра – доволно за минимална плата од 600 евра и субвенционирање придонеси за компаниите. Но оваа влада нема волја да се откаже од луксузот, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.