Skip to main content
Македонија

СДСМ го одлепи Филипче од Крмзов потенцирајќи ја врската меѓу Мицкоски и Нацев

13/06/2025  17:51

Соопштение за јавност на СДСМ:

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ се штанцаат лаги, конструкции и валкани манипулации, насочени кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Јавно, јасно и гласно повторуваме: Венко Филипче нема никаква врска со Крмзов, ниту со било кои измислени сценарија што панично ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа очајна црна кампања само ја разоткрива внатрешната нервоза и стравот кој владее кај Мицкоски и неговата партија. Наместо идеи, резултати или одговори на сериозните прашања од јавноста, ВМРО-ДПМНЕ се крие зад фабрикувани обвинувања и дезинформации.

Вистината е јасна – ова е обид на Мицкоски да ја тргне фокусот од својот долгогодишен соработник и близок партиски кадар, Александар Нацев – притворениот сопственик на обезбедувањето „Рубикон“, осомничен за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.

Нацев е дел од ВМРО-ДПМНЕ – член на Комисијата за одбрана и безбедност, делегат на конгресот на кој Мицкоски беше избран за претседател, со редовни настапи од истата таа говорница од која денес се шират лаги.

Мицкоски и Насев имаат заедничка историја, заеднички фотографии, заедничка одговорност. Тоа е дебела врска сплетена околу вратот на кочанчани