Skip to main content
Македонија

Филипче: Нечесните се намерите на ДПМНЕ, со барањата надзорни за други случаи сакаат да ја искривуваат вистината

19/11/2025  14:50

Ако ВМРО-ДПМНЕ сметале дека треба да има анкетни надзорни комисии за други трагедии, зошто не ги побарале до сега, зошто ги условуваат со тоа што ние сега го бараме за Кочани, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговр на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека излегуваат на виделина нечесните намери на ВМРО-ДПМНЕ за искривување на вистината.

„Видовме како ВМРО-ДПМНЕ води една анкетна комисија, тоа беше таа за онкологија. Никој не избега од анкетната комисија. Јас бев на анкетната комисија, иако тогаш немав никаква јавна функција. Но, се докажа дека ја искривувале вистината и дека криеа документи. Тоа ли повторно сакаат да го направат?”, рече Филипче.

Во одоговорот тој посочи дека СДСМ не бега од ниту една расправа и ќе прифати дебата на било која тема.

„Не бегаме од ниту една расправа. Нека се закаже за било која трагедија, за било кој случај, ние сме тука да дебатираме на било која тема, од било кој формат”, рече Филипче.

Анкетната комисија како што рече Филипче е барање и на родителите на жртвите во трагедијата во Кочани и од таа комисија се очекува да се слушне сечиј глас.

„Родителите заслужуваат тоа барање да им се оствари. Ајде да видиме секој еден чинител, од страна на семејството, од страна на истражните органи, од страна на сите институции кои што биле вклучени, и се сега вклучени од целиот процес, да не се занемари можноста на Собранието за тие алатки кои што се нудат”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.