Skip to main content
Македонија

Филипче: Мицкоски е во тесно, бара алиби за распишување предвремени избори

08/01/2026  14:14

Средба со криминалци нема да има, нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бараа алиби за распишување на предвремени избори”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Филипче нагласи дека, станува збор за однапред подготвено сценарио на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, за кое СДСМ предупреди пред два месеци.

„Ова што се случува е сценарио коешто е смислено уште лани, која јас и СДСМ го разоткривме и јавно го говориме повеќе од два месеци. Предвремени избори па мигранти за пари. Нема пари во буџетот, а власта се брза да превеземе мигранти, да земе кредит 6 милијарди евра, плус 20 000 фунти по мигрант, како што пренесоа британските медиуми”, потенцираше Филипче.

Тој порача дека СДСМ нема да учествува во однапред испланирано сценарио.

„Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нека си ги распишат изборите сами кога веќе се имаат испланирано, СДСМ нема да биде покритие за оваа сценарио. Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат се и да се спасат себеси нема седнување на маса за техничката влада, има само одговорност”, истакна Филипче.