Skip to main content
Македонија

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

07/10/2025  22:05

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината во Валандово упати силен повик за масовна излезност на изборите на 19. октомври, нагласувајќи дека ова не е само изборна битка, туку борба за иднината на државата и за заштита на достоинството на сите граѓани.

„На 19 октомври, овде во Валандово треба да се потврди дека политиката е алатка за подобар живот, а не сцена за пропаганда. Валандово во оваа слика е важна точка на отпор и надеж, порача Филипче. 

Филипче предупреди дека актуелната власт води политика на заборав и занемарување на граѓаните. „Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла и го води во неизвесност. Животниот стандард паѓа, цените се стигнати до плафон, а платите не растат.”

Тој ги повика граѓаните, разочараните, сите кои се повлекле од политичкиот процес, повторно да се вклучат:

„Да ја обединиме силата на разочараните од оваа ненародна власт. Да ги повикаме сите што се повлекоа, повторно да ни се вклучат. На 19 октомври, Валандово може да испрати порака што ќе одекне во целата држава. Порака дека борбата за Македонија продолжува. Да ја зачуваме Македонија како дом за сите. Изберете број 5 за да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, а сега гледаме како овие на власт ја рушат. Да ја зачуваме Македонија како дом за сите”, порача Претседателот на СДСМ, Венко Филипче.