Skip to main content
Македонија

Филипче: Кој ќе оди на средбата со Мицкоски, тој дава легитмитет на криминалот

09/01/2026  12:05

Кој оди на состанокот инициран од Мицкоски, тој е поддржувач на изолацијата на земјата и дава легитимитет на сите антидржавни политики и што е најлошо, дава легитимитет на криминалот и корупцијата, порача денеска на брифинг лидерот на СДСМ, Венко Филпче.

„Кој оди на таков состанок јавно се декларира дека е соработник на тендер коалицијата. Време е да се знае кој е за Македонија, а кој е за криминал, кој е за изолација а кој е за прогрес и интеграција. ЕУ нема алтернатива“ истакна Филипче во ондос на најавата за лидерска средба.

Со тоа, Филипе уште еднаш стави до знаење дека нема да учествува на средбата што ја понуди премиерот Христијан Мицкоски.