Skip to main content
Скопје

Филипче: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

06/10/2025  19:51

Соопштение за јавност на СДСМ:

„Власт која ја губи довербата од народот измислува непријатели за да ја скрие вистината„. рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом” во Карпош.

Претседателот Филипче ја осуди црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека таа кампања е доказ за неспособност и страв од народот.

„Власт која води негативна кампања кон опозицијата не е само неспособна власт, тоа е власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тоа е власт за која напредокот на државата е непријател.” потенцираше Филипче.

„Оваа власт се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија,” подвлече Филипче, повикувајќи на единство, разум и отпор против лагите и поделбите.

„Јас во нивната кал нема да влегувам, туку ќе продолжам да ги разобличувам. Нека се препелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност самите тие.” рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Карпош.