Тоа што се случува и што се случуваше во текот на претходните денови е само уште еден доказ дека Владата апсолутно не е заинтересирана за стандардот на граѓаните и го остава на последно место, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Ете немало никаква конструктивна дискусија за минималната плата за време на состанокот на Советот. Се навлегува во некакви анализи, формирање на некакви комисии коишто сметам дека нека да дадат никаков резултат. Нема апсолутно никаква врска на кој начин се пресметува синдикалната кошничка кога луѓето кога одат во маркет да ги купат потребните продукти едноставно немаат доволно пари во паричниците. Луѓето не можат да врзат крај со крај. Владата мора да се свесна дека е таа апсолутно виновна за тоа што стандардот на граѓаните постепено се намалува“, порача Филипче.
Според него, нема никаква стратегија на раст ниту на минималната ниту на просечната плата, а цените апсолутно неконтролирано растат.