
Иако поранешниот градоначалник на Струмица и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, во изминатата години жестоко јавно го критикуваше Филипче и тогашното раководство на партијата, денес СДСМ под водство токму на д-р Венко Филипче застана зад него, откако против Костадинов беше поднесена кривична пријава, оценувајќи го случајот како „политички прогон“.
Од остри критики… до политичка поддршка
Да се потсетиме. Костадинов во јули минатата година јавно го замрзна членството во СДСМ и упати остри пораки кон раководството. Во тогашната изјава за некои порталоти тој обвини дека „раководството ја изгубило компас линијата“ и дека „СДСМ повеќе не личи на себе“.
Тој директно му се обрати и на Филипче преку медиумите, во порака која привлече големо внимание дека „е тешко да го носи СДСМ“.
Денес – поинаква слика
Но по кривичната пријава против Костадин Костадинов, СДСМ испрати сосема поинаков сигнал. Во денешното соопштение на партијата се вели дека случајот има јасни елементи на политичка пресметка и дека институциите под контрола на власта спроведуваат „политички прогон“.
„Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон. Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица“ стои во реакцијата на СДСМ.
Со оваа позиција, Филипче покажа лидерство, принципиелност и доследност.
Пораката на Филипче: принципи над лични недоразбирања
Од извори во партијата велат дека Филипче бил јасен – СДСМ ќе реагира секогаш кога некој е изложен на неправда.
Постапката на Филиоче денеска се толкува како сигнал за нов стил на лидерство:
лидерство кое се темели врз принципи, а не врз лични односи.
И додека Костадинов во минатото порача дека „е тешко да го носиш СДСМ во себе“, денес Филипче покажува дека партијата знае да застане зад секој свој член – кога тоа е прашање на правда, а не политика.
