Skip to main content
Македонија

Филипче глуми патриот против мигранти, а во владата на Заев туркал мигрантски камп во Бардовци

13/12/2025  09:53

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Венко Филипче денес глуми загрижен патриот, додека во владата со Заев ги распродаваа националните интереси и активно работеа за носење мигранти во Македонија.

За време на владеењето на СДС, Зоран Заев заедно со Венко Филипче имаа партиска и државна политика за населување на мигранти, истите оние мигранти кои се проблематични низ Европа.

Филипче и Заев не само што биле спремни за населување на мигрантите во Скопје, туку и во 2018 година усвоиле План за изградба на мигрантски камп во Бардовци.

Филипче туркал камп во Бардовци и гласал да се доселат мигранти во Македонија, а за сето тоа има и доказ во Службениот весник од 2018 година, каде што е објавена одлуката на Владата за изградба на мигрантски камп, со Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.

СДС и Филипче прават конструкции и смислуваат приказни и покрај тоа што сите во државата, но и британскиот амбасадор негираа дека во Македонија ќе се носат мигранти од Велика Британија.

Филипче и Заев да одговорат колку мигранти биле спремни да примат и колку ќе профитирале со тој чекор?

Од што се плашат Заев и Филипче па константно конструираат приказни?

Дали Филипче е толку гласен за мигрантите поради тоа што знае дека договарал носење на мигранти за истите суми кои тој и медиуми блиски до СДС сега ги вадат во јавноста?

Дали Заев и Филипче во обид да го затскријат својот криминал се обидуваат друг да наместат?

Наместо да креираат приказни, конструкции и шират паника кај населението, СДС и Филипче нека се посветат да си ја реформираат партијата. Единствени мигранти во Македонија се партиските мигранти на СДС кои им бегаат во други партии.