Skip to main content
Македонија

Филипче: Членството во ЕУ носи пристап до европски фондови и до 40 милијарди евра

26/03/2026  11:14

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, укажа на економската и стратешката корист од членството во Европската Унија, потенцирајќи дека членството во ЕУ носи пристап до европски фондови и до 40 милијарди евра.

„Во кој сектор, во која сфера има прогрес кај нас? Има ли раст на платите, се гради ли инфраструктура, зајакнува ли правосудството, образованието, здравството, социјалниот систем? Земјите што се членки, како Шпанија и Романија, се трансформирале со европските фондови. Романија, од почетокот на преговорите, добила неповратни грантови од 100 милиони евра, а ние можеме да добиеме и до 40 милијарди евра со членството,” рече Филипче на гостувањето во емисијата „Топ тема” на Телма.

Тој посочи дека од 2013 до 2024 година, помошта за западниот Балкан била приближно 6 милијарди евра, додека Бугарија и Хрватска обезбедиле по 40 милијарди неповратни средства за инфраструктурни и реформски проекти.

„Тоа е бенефитот. Кај сакаат нашите луѓе да живеат, сигурно не сакаат да живеат во земја којашто е на периферија на Европа слепо црево на Балканот под влијание на Унгарија и на Србија. Не сакаат луѓето и треба на престане, премиерот и власта да ја замајуваат јавноста со овие чекори коишто се на маса загрозен е националниот идентитет. Тоа не е вистина. Ние може да стравуваме дека со таков ризик ќе се соочиме во иднина од страна на Бугарија, ама ако седиме сите на маса. ако ги правиме реформите како што треба тогаш никој никогаш нема да може да не запре за ништо, посочи Филипче.