Skip to main content
Македонија

Филипче: Без силен СДСМ, пропаѓа надежта дека Македонија ќе биде правична, демократска и европска држава

28/09/2025  16:11

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на Конвенцијата за промоција на кандидатите за градоначалници и советници, порача дека целта на СДСМ е да се обеди со цел да се спречи рушењето на заеднички дом и на сето постигнато во изминатите 34 години независна држава. 

„Да се биде социјалдемократ не значи да се биде совршен, туку да се има храброст да се носат исправни одлуки. Без силен СДСМ, единствената надеж дека Македонија може да биде правична, човечна, демократска држава со јасна перспектива напред, пропаѓа. Затоа научивме дека борбата е за вредности, борбата е за нашите идеали, борбата е да ја исправиме партијата на нозе за да им служи на граѓаните”, рече тој.

Притоа тој истакна дека СДСМ е секогаш правилната опција која е на страна на граѓаните и јавниот интерес. Посочувајќи дека оваа кампања е за да се врати гордоста на граѓаните. 

„Ако ви е важна иднината на вашите деца, ако ви е важно државата да не стане сопственост на Мицкоски и луѓето околу него, ако верувате дека Македонија има шанса, дека Македонија има иднина, ако верувате дека мора да изберете луѓе кои се чесни, приземни, тогаш дајте ни ја поддршката. Нашите кандидати таа поддршка нема да ја изневерат”, рече Филипче.