
Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) излезе со соопштение за почетокот на Светското клупско првенство во 2025 година во САД.

– ФИФА сака да им се заблагодари на сите вклучени што го направија воведниот натпревар на ова историско Светско клупско првенство таков голем успех. Бевме сведоци на возбудлив воведен натпревар помеѓу Ал Ахли и Интер Мајами, одигран во неверојатна атмосфера на распродадениот стадион „Хард рок“ во Мајами. Ентузијазам и страст за отворањето на ова ново поглавје на светскиот клупски фудбал, се вели во соопштението на ФИФА.
Федерацијата истакна дека првиот натпревар го дал тонот на целиот турнир, кој ветува дека ќе биде епско натпреварување во САД.
Резултати на натпреварите на Светското клупско првенство во САД:
Ал Ахли – Интер Мајами 0:0
Баерн – Оукленд 10:0
ПСЖ – Атлетико Мадрид 4:0
Палмеирас – Порто 0:0
Ботафого – Сиетл 2:1.
Вечер од 21 часот играат Челзи и Лос Анџелес.