
Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан изјави дека дури и традиционалните сојузници се дистанцираат од Ерусалим, бидејќи поддршка за „геноциден Израел повеќе не е во ничија корист“.
Тој коментирајќи ги критиките кон Израел, во завршното соопштение од Самитот на БРИКС, истакна дека „во моментот минимален број држави, што можат да се избројат на една рака, и понатаму реторички го поддржуваат Израел“, а САД „и понатаму се на чело на оние кои не се спротивставуваат на таквата израелска политика“.
– Иако речиси целата меѓународна заедница реторички и политички ги осудува настаните во Газа и го поддржува решение две држави, отсуството на конкретни резултати ја открива нефункционалноста на системот, наведе Фидан.
Тој додаде дека Турција е во постојан дијалог со сите страни вклучени во преговорите за прекин на огнот. Исто така го повтори став на Анкара – итен прекин на огнот, обезбедување хуманитарна помош и мирно решение преку формирање на две држави.
– И покрај фактот дека Израел го претвори конфликтот во систематски масакр и геноцид, ние сме подготвени да направиме сè што можеме за да го решиме ова преку дипломатски средства и ќе продолжиме тесно да соработуваме со нашите партнери и сојузници, посочи Фидан.