Skip to main content
Македонија

Фетаи со двојно државјанство добил безбедносен сертификат спротивно на законот, тврди Мојсоска

10/09/2025  10:25

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, објави на социјалните мрежи дека Арбен Фетаи поседува безбедносен сертификат за државна тајна, иако има двојно државјанство. Според Законот за класифицирани информации, лица со двојно државјанство не смеат да добијат сертификат од највисоко ниво.

Мојсоска истакна и дека постојат опструкции во работата на пратениците кои вршат надзор, како од страна на владини директори, така и од власта.

-Јас (член на собраниската Комисија за надзор над АНБ и Агенција за разузнавање) повеќе од 6 месеци немам никаков одговор на моето барање за сертификат за државна тајна, иако (за разлика од вицепремиеров што не говори македонски јазик) НЕМАМ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО. Иако се должни да ми одговарат во рок од 6 месеци на моето барање, власта очигледно ги саботира пратениците да ја вршат надзорната функција над службите.

ДПМНЕ во опозиција обвинуваше дека АНБ под контрола на СДС не дава безбедносен сертификат на пратеникот Ковачки. Сега АНБ со директор од вмровскиот факултет за туризам повторно ја саботира собраниската Комисија за надзор и ја доцементира партизацијата на оваа безбедносна институција.

Ако не, да аплицирам и јас за двојно државјанство, па можда така ќе исполнам услов за вмровскиве директори?! – пишува Мојсоска на Фејсбук.