Skip to main content
Македонија

Фетаи: На местото на Изет Меџити во Владата треба да дојде Беким Сали

11/11/2025  14:02

Во нашата Коалиција ВРЕДИ сме согласни и го делиме мислењето дека по избирањето на Изет Меџити за градоначалник на општина Чаир, на неговото место треба да дојде нашиот предлог – Беким Сали, изјави денеска вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарско прашање за реконструкција на Владата. 

– Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да предложиме едно име плус, министер за животна средина и заменик-премиер. Оваа недела верувам дека ќе седнеме со премиерот како мандатар најдоцна до утре и ќе најдеме заедничко решение – рече Фетаи.