
Формула 1 тимовите Ферари и Мерцедес му упатија честитки на својот поранешен возач и седумкратен светски шампион, Германецот Михаел Шумахер, за неговиот 57-ми роденден.
– Среќен роденден, Михаел. Вистинска икона на Ф1 и важен дел од нашата историја, се вели во соопштението од Мерцедес на социјалните мрежи.
„Денот кога се роди легенда“, стои во објавата на Ферари.
Шумахер го имаше своето деби во Формула 1 во 1991 година за Џордан. Тој стана светски шампион за прв пат во 1994 година. Има 91 победа на Гран При трки и 155 места на подиумот.
