
Расправањето, т.е. „караниците“ по пораки, познати како „Фекстинг“, стануваат сѐ почеста појава денес во виртуелната комуникација меѓу двајца партнери. И, иако тоа можеби изгледа како безопасно праќање пораки, терапевтите предупредуваат дека овој вид комуникација може сериозно и дополнително да им наштети на односите.
Поимот „Фекстинг“ е американски неологизам – спој од „fight“ (кавга) и „texting“ (допишување на интернет). Американскиот психолог, д-р Карла Менли објаснува дека проблемот со тие „кавги со допишување“ е што на тој начин се губат најважните нешта во комуникацијата – говорот на телото, тонот на гласот и присуството.
– Без овие елементи лесно се случуваат недоразбирања, а тогаш набојот меѓу партнерите само расте. На многу луѓе полесно им е да изразат фрустрација без директен контакт, што често води до емоционален јаз. Следствено, една неодговорена порака може да предизвика чувство на отфрлање, а и една импулсивна реченица може да остави потрајни последици, појасни д-р Менли.
Таа ги советува паровите да не решаваат судир и недоразбирање преку пораки, туку да разговараат директно – „очи во очи“. Или, барем, по телефон. Според стручњакот, ова е единствениот начин за јасно изразување на емоциите, но и размислите, и за да се избегнат непотребни погрешни толкувања.