Skip to main content
Спорт

Федерацијата со апел до навивачите да дадат поддршка на македонските кошаркарки

19/08/2025  09:08

Македонската кошаркарска репрезентација утре ќе го одигра својот последен меч од претквалификациите за СП 2027. Во Скопје доаѓа Унгарија.

Нашата федерација упати апел до навивачите во што поголем број да го проследат натпреварот и да дадат поддршка до репрезентативците кои го даваат максимумот.

Во продолжение во целост го пренесуваме повикот:

„До сите љубители на спортот и верните навивачи да дадат поддршка на нашиот национален „А“ тим на претстојниот натпревар

Повик!

Македонската Кошаркарска федерација ги повикува сите љубители на спортот и верните навивачи да дадат поддршка на нашиот национален „А“ тим на претстојниот натпревар:

– 20.август 2025 година во 19 часот
– Скопје, Спортско рекреативен центар „Кале“
– противник, репрезентацијата на Унгарија

Нашите репрезентативци со гордост ја претставуваат државата и ја носат одговорноста да се борат за нови успеси.

Поддршката од трибините секогаш била нашата најголема сила и мотив, па затоа веруваме дека и овој пат заедно ќе создадеме атмосфера на коректно навивање, достојна за големи спортски семејства.

Ве повикуваме да бидете дел од овој настан, и со вашето присуство да им дадете дополнителна енергија на нашите играчи. Заедно да отпочнеме да ја испишуваме следната страница во историјата на македонската кошарка.“

Македонската репрезентација ги загуби шансите за пласман во квалификациската фаза, но мечот со Унгарија е можност за прва победа во претквалификацискиот циклус.