
На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје.
Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет.
Парите и остриот предмет се пронајдени, а малолетниците се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.