Skip to main content
Хроника

Фатен на дело дилер на дрога – ја продавал на три лица во Охрид

07/12/2025  20:12

На 06.12.2025 година во 22.20 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, во охридското село Велгошти, од слобода го лишија Н.Ѓ.(45) од Охрид кај кого, при извршен преглед, пронајдена и одземена е опаковка со бела прашкаста материја.

Тој е затекнат при остварен контакт со А.Т.(31), А.В.(26) и И.Р.(50) сите од Охрид кои поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,
психотропни супстанции и прекурсори”, дополнително се лишени од слобода.

По целосно расветлување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.