
Вчера во 11.10 часот на ул. Девеани во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.К.(53) од с.Пештани, охридско.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Охрид за издржување казна затвор од една година.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.