На 23.01.2025 во 10.40 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода О.Ф.(39) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија, каде издржувал затворска казна во траење од седум години и пет месеци за сторени кривични дела „разбојништво во обид“ и „тешка кражба“, а имал за доиздржување една година и седум месеци.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.