
Браќа, сестри, мајки, синови, ќерки, сопрузи, баџанаци, први братучеди од едно семејство, сите се на кандидатската листа за советници на ЗНАМ во Струга.
Како што дознаваме од свои извори од Струга, целата листа за советници на ЗНАМ во оваа општина е едно големо семејно стебло.
На листата, број 1 е Игор Митрески, а на број 9 е неговата сестра Емилија Митреска. На број 23 е исто неговата втора сестра Катерина Тодоровска. На број 13 e неговиот прв братучед Кирил Митрески, односно нивните татковци се браќа.
Понатаму, број 2на листата е Марио Ѓиноски, а на број 5 на листата е неговата мајка Соња Ѓиноска.
Под број 3 е Ивана Коркутоска, а на број 7 е нејзиниот татко Александар Коркутоски. На број 4, веднаш после неа, е нејзиниот тетин Љупчо Симакоски.
Број 4 е Љупчо Симакоски, кој е и баџанак на советникот под реден број седум, односно Александар Коркутоски од погоре.
На број 6 е Дејан Столевски, а на број 17 неговата мајка Слаѓана Столевска. На број 8 е Димче Димоски, а на број 14 неговата сопруга Жаклина Димоска. На број 12 е Елизабета Скрческа, а на број 16 нејзиниот сопруг Дејан Скрчески. На број 19 е Кристијан Мечкароски, а на број 21 неговата сопруга Бисера Мечкароски. На број 20 е Влатко Делиоски, а на број 22 неговиот брат Крсте Делиоски.
Како што може да се забележи речиси и да нема кандидат за советник кој нема свој роднина на истата листа од истата партија.
ЗНАМ во Струга нема да има свој кандидат за градоначалник туку ќе настапи само со листа за советници.