Skip to main content
Македонија

Европските перспективи на Македонија оптимизам и песимизам

08/05/2025  09:30

Пишува: Проф Д-р Иван Анастасовски

Европската перспектива на Македонија мора и треба да остане стратешка цел и приоритет и покрај бројните пречки и застои на патот кон нашето членство во Европската унија. Ако на кратко фрлиме поглед на историја на евроинтеграции ќе видиме дека 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, што од една страна, славиме мал јубилеј од 20 години, но од друга страна како земја кандидат мислам дека е прилично долг период а се уште не сме полноправна членка на ЕУ (еден дел сме ние виновни, друг дел е виновна ЕУ). Понатака од 2009 до 2020 година нашиот европски пат т.е процесот кон полноправно членство во ЕУ беше блокиран од Грција поради спорот со името, кој сепак владата на Заев го реши со потпишувањето на Преспанскиот договор и покрај противење на одреден процент на наши граѓани. Но факт е тоа дека тој договор ги отвори вратите пред се за членство во НАТО но не и за ЕУ. Надевајќи се дека со потпишувањето на Преспанскиот договор ја завршивме нашата домашна задача и реално нашите очекувања беа дека со тоа ќе станеме полноправна членка на ЕУ, како кратка радост во истата 2020 година Советот на ЕУ донесе одлука за почеток на преговори, но за жал тие не условија со тоа почетокот да ги врзат со нов договор но сега со соседна Бугарија која ни стави нова блокада. Бугарска блокада повторно за наша штета заврши со француски предлог каде бугарите поставија билатерални услови поврзани со историјата, јазикот и правата на Бугарите во нашата држава. Да бидеме на чисто, Бугарија е членка на ЕУ и токму таа ЕУ секогаш ќе ги штити интерсите на своја членка отколку на земја кандидат на која и се поставуваат нови ни нови услови. Па така владата на Заев која за жал поради сите гореспоменати договори кои беа услов за нашиот европски пат ги прифати со што ризикуваше тотален колапс на рејтингот и позициите на СДСМ во очите на поглем дел македонски граѓани. Времето поминуваше но патот кон ЕУ се уште беше блокиран со што во 2022 година, ЕУ ја усвои т.н. француска рамка, која предвидува уставни измени за вклучување на Бугарите во македонскиот устав.

Пречка која беше недостижна и за самиот СДСМ која поради тоа (но и други причини) ги загуби изборите. Денес 2025 година процесот се уште заглавен, бидејќи во парламентот нема доволен број пратеници кои се спремни да го притиснат зеленото копче за да може уставните измени каде е потребно двотретинско мнозинство да поминат. Но ајде да видиме дали само тоа ни е сериозна пречка или постои и нешто друго како на пример многу споменуваните и повторуваните термини реформи и владеење на правото каде ЕУ постојано бара ефикасна борба против корупцијата, независно судство и усогласување на законодавството со ЕУ, исто така Европската комисија укажува на загриженост за политичката волја и капацитетите за спроведување на реформите, но за жал ние овде во нашата Македонија некако не сакаме да ги слушаме критиките од страна на ЕУ. Да се разбереме ние но исклучиво ние како држава бараме прием во ЕУ, не е Еу таа која не повикува, оти ние сме се определиле како држава да се движиме во таа европска насока и затоа мора да ги следиме препораките од таа ЕУ која полека но сигурно се поголем број на наши граѓани ја отфрлуваат и негираат. Но да не заборавиме при тоа негирање и отфрлување постијат и политички ризици каде новата влада многу јасно и децидно најави „рестарт“ на евроинтеграциите, но исто така покажа реторика на конфронтација со некои надворешни фактори. Но да повторрам и да бидам јасен дека дел од јавноста и некои политички партии се веќе евроскептични, особено поради перцепцијата дека ЕУ дозволува мешање на Бугарија во внатрешни прашања, но сепак тоа е пречка која мора да се реши на еден или друг начин, ставање на проблемот под тепих не е во интерес на Македонија.

И нормално како човек која живее тука, гради кариера, основа семејство и се одлучува да го унапредува овој општествен систем секогаш ќе се прашувам себеси но и сите влади кои се перспективите на патот кон ЕУ и што понатаму. Владата ќе ви каже работиме на тоа, парламентот е заложник на владата и со тоа нашата држава се движи во место и секогаш ќе наоѓа изговори. Факт е дека оваа Влада со вака силно парламентрно мнозинство во својата агедна го нема како приоритет европскиот пат оти тој е врзан со францускиот предлог кој бара уставни измени а мнозинството не е решено да го усвои што го некаде ги разбирам оти тие дојдоа на власт со реторика дека името ќе се врати и ќе се добие подобра преговарачка рамка, што звучи убаво за секој просечен гласач но дали е остварливо не сум убеден. Па така одиме со оптимистичко сценарио ако се обезбеди политички консензус (што СДСМ дава безрезервна поддршка) за уставните измени и се спроведат клучните реформи, можно е отворање на поглавјата во пристапните преговори, а да се потсетиме тоа подглавје за темелните вредности нуди можност со самото отворање да ја добиеме првата рата од 52 милиони евра кои ќе легнат на македонската сметка од Планот за раст и тие се неповратни средства, да повторам тоа е само прва рата која е само 8 проценти од вкупниот неповратен буџет од ЕУ за првиот кластер темелни вредности.

И нормално на крајот мора да се види и песимистичко сценарио што води кон продолжена блокада, внатрешна политичка нестабилност и губење на довербата во ЕУ, во тој случај владата треба храбро да поднесе предлог на враќање на името, поништување на сите договори со ЕУ и да го сврти кормилото во друга насока што е исто така прифатливо за дел од нашите сограѓани.

Европскиот часовник отчукува, одлуките не се едноставни.