Skip to main content
Свет

Eвропските дипломати ја отфрлија идејата за проширување на поморската мисија на ЕУ „Аспидес“

17/03/2026  17:27

Eвропските дипломати ја отфрлија идејата за проширување на поморската мисија на ЕУ „Аспидес“ и заклучија дека тоа е американски проблем што Вашингтон мора сам да го реши, пишува „Политико“.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, по состанокот изјави дека иако постои „јасна желба“ за зајакнување на поморската мисија на ЕУ на Блискиот Исток, „немало волја за промена на мандатот“ за испраќање воени бродови во теснецот.

– Земјите-членки не покажаа волја да го прошират мандатот на Ормутскиот теснец. Никој не сака активно да влезе во оваа војна – повтори таа.

Трамп изјави за Фајненшл тајмс за време на викендот дека би било „многу лошо за иднината на НАТО“ ако европските земји не одговорат на неговиот повик за помош. Тој напиша на социјалните мрежи дека е во контакт со седум земји за обезбедување на теснецот, без да именува на кои земји мисли. Во понеделникот, Трамп им рече на новинарите дека е уверен дека Франција ќе им помогне на САД.

-Мислам дека ќе помогне. Мислам, ќе ве известам, разговарав со него вчера, рече американскиот претседател, осврнувајќи се на неговиот француски колега Емануел Макрон. Трамп, исто така, рече дека „не е задоволен“ од одговорот на Велика Британија и „многу изненаден“ откако премиерот Кир Стармер изјави дека нема да биде вовлечен во „поширока војна“ околу Иран.