Skip to main content
Свет

Европската унија ќе реагира на одлуката на САД за увозни царини на челик

11/02/2025  10:36

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија нема да дозволи одлуката на САД да воведат царини од 25% за увоз на челик и алуминиум да остане без одговор. Во објавата на мрежата X, фон дер Лајен ја изрази својата длабока загриженост за оваа одлука, која ќе има влијание врз европскиот извоз на овие клучни материјали.

Таа истакна дека ЕУ ќе дејствува со цел да ги заштити своите економски интереси, како и интересите на работниците, работодавачите и потрошувачите.