Skip to main content
Спорт

Европската џудо унија со видеоклип го најави Европско кадетско првенство во Скопје

12/06/2025  10:57

Европската џудо унија (ЕЏУ) денеска со специјален видео клип го најави претстојното Европско првенство за кадети и кадетки Скопје 2025.

Првенството ќе се одржи во македонската престолнина од 26 до 29 јуни.

Натпреварувањето ја опфаќа возрасната категорија кадети во машка и женска конкуренција родени 2008/09/10 година со  вкупно 16 тежински категории (осум во машка и осум во женска категорија).

Борбите ќе се одвиваат во поединечна и екипна конкуренција.

На овој настан своето присуство го најави и претседателот на ЕЏУ, Ласло Тот.