
Кошаркарската репрезентација на Турција е првиот четвртфиналист на Евробаскет. Во првото осминафинале Турција ја совлада Шведска со 85:79 (20:23; 17:19; 26:13 и 22:24).
Кошаркарите на Шведска беа на блиску и до изненадување одиграа одлично прво полувреме и водеа со 42:37. Но, Турција одигра добро во третиот период и го доби со 26:13. Во последната четвртина Шведска изедначи на 76:76, но до крајот на дуелот резултатот беше 9:3 за Турција.
Најдобар играч на дуелот беше Алперен Шенгун кој постигна 24 поени, 16 скокови (9 офанзивни) и 6 асистенции.
Турција во четвртфиналето ќе игра со победникот од утрешниот натпревар меѓу Полска – Босна и Херцеговина.