Skip to main content
Спорт

Евробаскет 2025: Полска преку БиХ до четвртфиналето

07/09/2025  17:09

Кошаркарската репрезентација на Полска е петтата селекција која избори четвртфинале на Евробаскет 2025.

Кошаркарите на Полска ја победија Босна и Херцеговина со резултат од 80:72.

Избраниците на Игор Миличиќ ќе играат во четвртфиналето против Турција, која во саботата беше подобра од Шведска.

Најефикасен играч во победничкиот тим беше неверојатниот Џордан Лојд со 28 поени, по него Понитка со 19 и Соколовски со 10. Кај Босанците се истакна Нуркиќ со 20, а Роберсон имаше 19 пред повредата.