Skip to main content
Спорт

Евробаскет 2025: Ново изненадување Грузија ја елиминира Франција

07/09/2025  18:24

Кошаркарите на Грузија со победата од 80:70 против Франција успеаја да изборат четвртфинале на Европското првенство во кошарка. Во следната рунда ќе играат против Финска, која ја елиминираше Србија.

Селекцијата на Фредерик Фоту во најголемиот тек од натпреварот ја бркаше негативата, крајот подлегна на притисокот. Избраниците на поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ приредија првокласна сензација совладувајќи ги олимписките вицешампиони со 80:70.

Торнике Шенгелија и Камар Болдвин беа најефикасни во редовите на Грузија со по 24 поени. Александар Мамукелашвили го постигна 14 поени.

Французите ужасно шутираа на овој натпревар, промашија дури 29 тројки (6/35), што е најмногу откако ФИБА води статистика.

Силван Франциско постигна 14, а Гершон Јабуселе 12 поени.