Skip to main content
Спорт

Евертон победи на последниот натпревар на „Гудисон парк“

18/05/2025  19:29

Фудбалерите на Евертон денеска го победија Саутемптон со 2:0 на домашен терен, во натпревар од претпоследното, 37. коло во Премиер лигата, со што официјално се збогуваа со својот легендарен стадион „Гудисон Парк“.

Двоен стрелец во победата на Евертон беше Илиман Ндиај во шестата минута и втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Евертон настапуваше на „Гудисон Парк“ од 1892 година, додека од следната сезона ќе се пресели на стадионот „Хил Дикинсон“ со капацитет од 52.888 седишта.

Евертон влегува во последното коло од Премиер лигата на 13 место на табелата со 45 бодови пред завршниот дуел на гостински терен против Њукасл.