Skip to main content
Магазин

Еве зошто Александра Пријовиќ не дојде на погребот на Поповиќ

07/03/2025  22:14

Комеморацијата и погребот за Саша Поповиќ се одржаа вчера во Белград, а пријателите и колегите оддадоа почит и со срце застанаа покрај неутешното семејство на Саша Поповиќ.

Скршена од болка и без трошка шминка, бремената Александра Пријовиќ се појави во Сава Центар, во придружба на нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ. Сопружниците ги зазедоа своите места во првиот ред, а за време на комеморацијата Прија не можеше да ги задржи солзите.

По церемонијата присутните се упатија кон Бежанијските гробишта за да го препратат Поповиќ во вечниот одмор, но Александра Пријовиќ одлучи да не присуствува на погребот. Со оваа постапка таа не само што се оддалечила од дополнителен стрес и го зачувала своето здравје, туку ја почитувала и традицијата која вели дека на трудниците им е забрането да присуствуваат на погреби.

Да потсетиме, Александра Пријовиќ стекна огромна популарност додека се натпреваруваше во популарниот музички натпревар ‘Ѕвездите на Гранд, а Саша Поповиќ имаше само пофални зборови за неа.