Skip to main content
Скопје

Еве каде низ Скопје утре ќе нема вода, а каде ќе нема струја

01/04/2025  21:01

Без вода во текот на утрешниот ден ќе останат корисници од општина Карпош, додека струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Зелениково и Сопиште, соопшти вечерва Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Според известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, утре ќе се санира дефект на водоводна мрежа на улицата „Копенхагенска“, крстосница со „Стокхолмска“ во населба Тафталиџе.

Како што е најавено, од 11:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Копенхагенска“, „Стокхолмска“, „Софиска“, „Његошева“, „Гаврил Лесновски“ и „Петар Драганов“ во општина Карпош.

Од „ЕВН“ имало информација дека поради планирани зафати во електро – дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат корисници од три општини.

Во општина Аеродром, од осум до 15 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од село Долно Лисиче. Во истиот термин, електрична енергија ќе немаат и корисниците од објектите во околината на зградата на „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“.

Од девет до 16 часот, корисниците од селата Дејковец и Добрино во општина Зелениково.

Од девет до 12:00 часот, корисниците од дел од село Горно Соње, поточно улиците со број „10“ и „12“ во општина Сопиште.