Skip to main content
Свет

ЕУ до Израел: Запрете ја офанзивата во Газа, се подготвуваат нови санкции

16/09/2025  20:27

Европската Унија денеска побара од Израел да ја прекине копнената инвазија во северна Газа, предупредувајќи дека таа ќе донесе „повеќе уништување, смрт и раселување“.

Портпаролот на Европската комисија, Ануар Ел Ануни, изјави дека операцијата ќе ја влоши катастрофалната хуманитарна ситуација и ќе ги загрози животите на заложниците.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, утре ќе излезе со предлози за засилен притисок врз Израел, додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, веќе најави замрзнување на европски средства за Израел и делумна суспензија на трговскиот договор.

Дополнително, се разгледуваат санкции против израелски крајнодесничарски екстремисти.