
Ескалираше протестот на земјоделци од неколку европски земји во Брисел. Демонстрантите почнале да фрлаат камења, компири и пармезан и сирење кон полицијата, со што службениците биле присилени да употребат водени топови.
Пожари биле запалени и на други локации во Европскиот кварт, запалени факели како и обиди за пробивање на полициските блокади.
Пред Европскиот парламент, ситуацијата повторно ескалираше кога околу стотина демонстранти фрлаа компири, цвекло, петарди и јајца кон полицијата, на што полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Некои од собраните земјоделци останаа смирени, додека други влегоа во центарот на градот со трактори.
Протестот е организиран против договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и земјите од Меркосур.


